„БГНЕС“: Заев ги поздрави и Бугарите за независноста на РСМ

„Македонскиот премиер Зоран Заев, откако ги наброја Македонците, Албанците, Турците, Србите, Ромите, Власите, Бошњаците, ги поздрави и Бугарите, Хрватите и Црногорците, по повод 30-годишниот јубилеј од објавувањето на независноста на земјата“, се израдува денеска бугарската агенција БГНЕС, пренесувајќи ја честитката што премиерот Заев ја објави на Фејсбук.

„8 септември, Денот на независноста е еден од најсветите и најсветлите датуми од историјата на Северна Македонија. Во јубилејот 30 години независност е собрана нашата историја, нашите надежи, нашите сеќавања, нашите остварени стремежи“, порача Заев, цитира БГНЕС.

Почитувани Македонци, Албанци, Турци, Срби, Роми, Власи, Бошњаци… Почитувани Бугари, Хрвати, Црногорци и сите други, Нека ни е честит јубилејот – 30 години независност. Нека ни се вековити самостојноста и државата. Да живее Република Северна Македонија!“, додаде Заев.

Прочитајте и:  Николоски: Бугарија работи на алтернатива на Коридорот 10 што ќе ја заобиколи Македонија и ќе ја направи слепо црево на Балканот

Агенцијата не пропушти да потсети дека „Бугарија прва ја призна независноста на Македонија во јануари 1992 година“ и „помогна за нејзиното утврдување низ светот, вклучително и за нејзиното признавање од неколку големи држави, меѓу кои Русија, Турција и САД“. Сето тоа беше резултат на напорите на тогашниот претседател Жељо Желев, додава БГНЕС.

- Реклама -