Без Кире против Данска

Против Чешка Кире влегуваше во игра само за да шутира седмерци (2/3), а против Данска (во 18:15 часот) нема ни тоа.

Селекторот Раул Гонзалес направи уште една измена – во составот против Данците ќе го немаме капитенот, а за првпат на Европското првенство во составот ќе биде вклучен Гоце Ојлески, ракометарот на Еурофарм.

Шансите за полуфинале се изгубени, а со оглед дека и шансите за битка за петтото место се мали (Македонија треба да ја победи Данска, Шпанија и Германија да не одиграат нерешено, а Словенија да ја победи Чешка), селекторот Раул смета дека нема потреба да ризикува со тоа да го внесува Лазаров во игра. Лазаров ја повреди задната ложа на десната нога во натпреварот против Шпанија.

- Реклама -