Без чуда и со празни ракави, Бучковски единствено „со својот кредибилитет“ ќе ја убедува Бугарија да покаже разбирање

Новоименуваниот специјален претставник на „нашата земја“ за Бугарија – Владо Бучковски, ќе има мандат/рок од една година „да го заокружи со успех процесот на решавање на отворените прашања со Бугарија“ и „да создаде атмосфера за реализација на прашањата од интерес на двете земји опфатени со Договорот за пријателство и добрососедство“, велат од Владата. Во изјава за „САКАМДАКАЖАМ.мк“, Бучковски откри како планира да го постигне тоа.

Пред сѐ, тој предупредува дека не е чудотворец и признава дека нема некаков скриен ас во ракавот:

„Јас ќе се обидам со својот кредибилитет, што исто како Денко Малески и Љубчо Георгиевски го имам во Софија, да ја вратиме довербата меѓу двете држави“, вели Бучковски, притоа уверувајќи дека Владата има изграден став кон билатералните прашања со Бугарија и дека и Владата и тој доследно ќе го почитуваат.

Прочитајте и:  Муртезани: Уставните измени секако ќе се случат, но на еден инклузивен процес со широк консензус

Според него, клучни се следните 10 дена, а фокусот ќе биде на тоа Бугарија да се убеди да покаже поголемо разбирање за сработеното во последните две години од македонска страна. Целосната изјава на Бучковски, ТУКА.

 

- Реклама -