Кошаркарски клуб Панатинаикос од Грција ќе се обиде во своите редови да го доведе ветеранот од НБА лигата, центарот Бен Волас.
Тој по завршување на минатата сезона одлучи да се повлече од кошарката, но сепак во последните неколку недели се премисли и сака да одигра најмалку уште една активна сезона. Раководствотот на Панатенаикос сака да го искористи тоа и да го доведе во Грција.
Волас нема веќе којзнае какви бројки зад своето име (1,4 и 4,3 скока по меч), но факт е дека тие постигнувања ги направи со скромната минутажа која ја добиваше. Доколку дојде на европско тло во редовите на Панатинаикос, тој сигурно би можел многу да му помогне на клубот во нивниот обид за враќање на доминацијата во грчката кошарка.