Бела куќа: Сметаме дека Израел не е одговорен за нападот на болницата

Портпаролката на Белата куќа Адриен Вотсон во објава на Х рече дека САД не веруваат оти Израел е одговорен за вчерашната експлозија во болницата во Газа.

Таа додаде дека САД продолжуваат да собираат информации за експлозијата.

„Додека продолжуваме да собираме информации, нашата сегашна проценка, базирана на анализа на воздушни снимки, пресретнувања и информации од отворени извори, е дека Израел не е одговорен за вчерашната експлозија во болница во Газа“, рече таа.

МИА

Прочитајте и:  Долгогодишниот заменик на местото на убиениот Насрала како нов лидер на Хезболах - кој е Наим Касем?
- Реклама -