Шокантни причини поради кои треба да престанете да ја користите веднаш.
Без да знаете за тоа, веројатно сте користеле бебешка пудра или други производи кои содржат пудра во прав. Таа е користена во многу индустрии. Пудрата е користена во козметиката и пудрите за тело, вклучувајќи ги и оние за бебиња.
Но, во последно време некои студии покажаа дека пудрата во прав може да предизвика значителни оштетувања на белите дробови (дури и рак на белите дробови) доколку се вдишува. Сепак, и покрај овие очигледни ризици, ФДА се уште не го повлече овој производ од пазарот или ги принуди произведителите да стават етикети за повидливо и посеопфатно предупредување со кое ќе ги информираат потрошувачите за можните здраствени ризици поврзани со користењето на производи кои содржат пудра.
Една студија направена во 1971 година пронашла честички од пудра во 75 проценти од туморите на јајчниците кои ги проучувале. Во друга студија направена од 19 научници во 8 различни земји, истражувањето покажало дека има 30-60 проценти зголемен ризик од рак на јајчници ако се користи пудра во прав во пределот на гениталиите. Студија по студија во последните 50 години покажува дека пудрата е опасна.