Батериите го влошуваат здравјето на децата

Бројот на деца кај кои се јавиле здравствени проблеми по голтање на батерии – или по заглавување на истите во уво или нос – се зголемил речиси двојно во последните 20 години. Поголемиот дел од тие проблеми се предизвикани од батериите плочки.

Овие батерии стануваат се почест дел од играчки, далечински управувачи и апаратчиња за слушање и претставуваат светкаво искушение за љубопитните деца. Тие батерии исто така носат и дополнителен ризик бидејќи ако бидат проголтани тие можат да се заглават во дишникот и да почнат да спроведуваат електрична струја низ ткивата без очигледна повреда.

„Ако дете проголта батерија плочка а родителот не го забележи тоа, кај детето би можеле воопшто да не се појават симптоми – а времето тече“ изјавил доктор Гери Смит, директор на Center for Injury Research and Policy од Националната Детска Болница во Колумбос, Охајо. „Има случаи во кои деца се здобиле со сериозни повреди за помалку од два часа по заглавувањето на батеријата во дишникот.“

Најверојатната причина за овој раст е постоењето на поголем број на електронски направи кои го користат овој тип на батерии наместо цилиндричните батерии. Истражувачкиот тим заклучил дека повеќе од 80 проценти од итните-случаи биле поврзани со батерии плочки – повеќето кај деца под пет години.

„Тие се светкави, мали, и децата во развој ги истражуваат работите околу нив со устата – ако нешто им е непознато тие ќе го стават во уста“ додал доктор Николас Сламон, педијатар кој работел со повреди предизвикани од батерии. [More batteries to blame for kids’ ER visits]

- Реклама -