Според агентот на фудбалерот, Баерн Минхен и Барселона се обидуваат да го ангажираат Лорен Кошчелни.
Иднината на Кошчиелни е предмет на шпекулации откако дефанзивецот на Арсенал изјави дека би можел да го напушти клубот доколку тимот на Топџиите не биде конкурентен за големите трофеи.
Европскиот шампион, Баерн Минхен и Барселона подолго време го следат Кошчиелни и би можеле ова лето да направат обид за негов ангажман.
Агентот на Кошчелни вели дека неговиот клиент е на листата од желби на Баерн и Барса.
„Има интерес. Знам дека Кошчелни е дел од листата со желби и на двата клуба” – вели Стефан Курбоа.
Текстот е објавен во соработка со 24Фудбал