Барок и афро фризури

Луѓето се полни со природна убавина, но во денешново брзо време на живеење, некогаш е потребно некој да нé запре и да ни рече „погледни“.

Реџис и Каран се брачниот пар зад фотографското дуо CreativeSoul и го прават баш тоа, но со конкретен фокус на косите на младите црни дами. Фотосеријата, очекувано, е наречена „Afro Art“, a вклучува девојчиња во впечатливи костуми од разни периоди, главно барок (1600 до 1750 година), па сé до steam-punk.

Туку ајде, да застанеме и да ја погледнеме таа импресивна коса.

 

- Реклама -