Изминатава сезона, македонските репрезентативци имаа најголема конкуренција досега за тоа кој ќе се закити со приматот „најдобар фудбалер“. Сосема заслужено, овој трофеј отиде во рацете на Енис Барди.
Со феноменалниот приказ на ЕП во Полска, Барди ги потврди своите квалитети. Стрелаше против Србија, па и против Португалија (2 пати), воедно го постигна и најзначајниот гол за македонската репрезентација (првиот во историјата на едно големо натпреварување).
Има супер сезона во шпанската Ла Лига, а имаше и во Ујпешт, па заслужено ќе си ја земе наградата (Најдобар македонски фудбалер кој игра во странство) која ќе му биде доделена за две недели од сега.
Игра одлично и во А-селекцијата, и е еден од клучните играчи во екипата. Се надеваме дека и ФФМ ќе му ја додели наградата најдобар фудбалер во Македонија за изминатата сезона.