Марио Балотели е резочаран откако повторно се најде во центарот на вниманието поради погрешни причини, напаѓачот е гневен на обвинувањата дека дилал дрога.
Сведок во процесот против мафијата во Камора денеска на рочиштето изјавил дека напаѓачот на Милан, при посетата на областа Скампија во Неапол во 2010 бил сведок на неколку зделки со дрога, па побарал самиот да дила од забава.
Марио Балотели е гневен што вакви стории се појавуваат низ медиумите, фудбалерот вели дека нема никаква вистина во изјавите на сведокот.
Вечерва тој рече: „Попладнево бев известен за ваквата сторија, не ги разбирам луѓето, не знам зошто сакаат да ми креираат проблеми. Немам никаква врска со тоа”.
„Го негирам сето тоа, јас мразам дрога. Изјавата на тој човек е неверојатна лага”.
„Мојот адвокат веќе започна да ја разгледува сторијата“.
Откако медиумите од Италија пренесоа за изјавата на сведокот, Балотели на својот Твитер напиша: „Хахаха. Сега и дрога дилам! Претходно бев поврзуван со проститутки, што ќе биде следно…? Срамота, не го користете моето име за поголем публицитет”.
Твитот подоцна беше избришан, а Балотели вели дека го сторил тоа за да не креира поголеми проблеми.
„Го напишав тој твит и почнав да се смеам, но потоа добро размислив, увидов дека можам да се најдам во дополнителни проблеми и тоа не можам да си го дозволам”.
„Го избришав твитот по 15 минути”.
„Дали сум гневен? Да, но се е во ред. Ова е навреда за мене како личност, не како фудбалер”.
„Секогаш сум подготвен да играм и да бидам ’лошо момче’ на теренот”.
Текстот е објавен во соработка со 24Фудбал