Бакнеж = 12 калории

Повеќе... Бакнувањето се заснова врз взаемноста. Оној кој сака да добие бакнеж, мора пред се некому да го даде. Еве неколку факти кои говорат за позитивните ефекти на бакнежот.


love-picture-kiss-young-couple-teointarifa-love.jpgБакнувањето се заснова врз взаемноста. Оној кој сака да добие бакнеж,
мора пред се некому да го даде. Еве неколку факти кои говорат за
позитивните ефекти на бакнежот.

1. Бакнувањето го хармонизира кардиоваскуларниот процес, го снижува крвниот притисок и нивото на холестерол.

2. Бакнувањето стимулира повеќе од 30 мускули на лицето

3. Во текот на бакнежот кој трае пет секунди може да се согорат дури 12 калории.

4. Уште една работа во врска со крвниот притисок: со бакнувањето го спречувате лачењето на хормонот глутокортикоид кој е виновникот за појавата на стресот, високиот крвен притисок, слабост на мускулите и несоницата.

Прочитајте и:  Омилениот зимски пијалок може да го намали ризикот од срцев удар, покажуваат истражувања

5. Бакнувањето е природен лек, бидејќи силно напаѓа одредени бактерии. Како? Плунката содржи бактерии, кои се заеднички за 80% од луѓето, а 20% се уникатни по состав. Со размена на плунката го потикнуваме нашиот имунолошки систем да се прилагодува на бактериите на кои е изложен. Резултатот се покажува во продукцијата на антитела кои не штитат од тие микроби. Тој процес се нарекува „вкрстена имунотерапија“ (cross-immunotherapy).

6. Со бакнувањето нашиот мозок ја анализира компатибилноста со личноста од спротивната страна. Дали ви се случило уште при првиот бакнеж да ви биде јасно дека некоја личност не ви се допаѓа?

7. И последно, но не и помалку важно: бакнувањето е ефикасен лек против икањето.

- Реклама -