Бајден: Трамп е реална опасност за безбедноста на Америка

Американскиот претседател Џо Бајден во интервју објавено вчера изјави дека неговиот претходник во Белата куќа, републиканскиот претседателски кандидат Доналд Трамп, „е вистинска опасност за безбедноста на Америка“ доколку биде избран на 5 ноември.

-Слушајте ме добро. Ако победи на овие избори, гледајте што ќе се случи. Тоа е опасно. Тој е вистинска опасност за безбедноста на Америка“, изјави Бајден во интервјуто за Си-Би-Ес.

Бајден се повлече од претседателската трка и ѝ отстапи место на неговата потпретседателка Камали Харис.

-Ние сме на пресвртница. Навистина, ние сме на пресврт… и демократијата е клучен елемент, додаде тој во интервјуто снимено пред неколку дена во Белата куќа.

На ова интервју тој изгледаше подобро отколку на дебата со Трамп на 27 јуни на Си-Ен-ЕН.

Прочитајте и:  САД испратија нуклеарни подморници на Блискиот Исток

-За време на таа дебата имав реално, реали лош ден бидејќи бев болен, но немам сериозни проблеми по здравхето, му изјави Бајден на новинарот на Си-Би-Ес за оваа тема.

Три недели по неговиот катастрофален настап во дебатата, Бајден на 21 јули објави дека се повлекува од изборната трка.

- Реклама -