Американскиот претседател Џо Бајден изјави денеска дека Израел почнува да ја губи поддршката од меѓународната заедница со своето неселективно бомбардирање во Појасот Газа, во кое загинаа илјадници палестински цивили.
-Тие почнуваат да ја губат поддршката, рече Бајден, пренесен од британските медиуми.
Американскиот претседател додаде дека израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху треба да ја промени својата „тврдолиниска влада“.