Германско-шпански двојки во полуфиналето од Лигата на Шампионите, Баерн Минхен ќе игра со Барселона, Борусија Дортмунд со Реал Мадрид.
Денеска во Нион беа извлечени полуфиналните двојки за Лигата на Шампионите.
Баерн Минхен и Барселона ќе се борат за едно место во финалето, другата двојка ја сочинуваат Борусија Дортмунд и Реал Мадрид кои се сретнаа и во групната фаза оваа сезона.
Првите полуфинални натпревари се играат на 23. и 24. април, реваншите се на 30. април и 01. мај.
Финалето е на 25. мај, на Вембли стадионот.
Полуфинале Лига на Шампиони:
Баерн Минхен – Барселона
Борусија Дортмунд – Реал Мадрид
Текстот е објавен во соработка со 24Фудбал.