Home Спорт Баер и Аталанта ќе се борат за трофејот во Лига Европа

Баер и Аталанта ќе се борат за трофејот во Лига Европа

0
Баер и Аталанта ќе се борат за трофејот во Лига Европа


Баер Леверкузен вечерва одигра 2-2 против Рома во реваншот од полуфиналето во Лига Европа и обезбеди финале против Аталанта, која претходно го совлада Марсеј со 3-0.

Рома постигна два гола преку Паредес во 43. и 66. минута и беше на праг да избори продолженија во Леверкузен, откако Баер го доби првиот меч со 2-0 во Рим, меѓутоа во завршницата „фармацевтите“ се спасија од пораз.

Манчини си постигна автогол во 82. минута и тоа му даде мотивација на Баер да тргне по втор погодок, кој го постигна во седмата минута од судиското надополнување преку Станишиќ.https://vfdfnh534e.tryupkora.com/embed/pNE4rgiYsOr2j

Аталанта немаше милост кон Марсеј, а головите за победа ги постигнаа Лукман, Ругери и Туре за пласман во финале на Лига Европа.https://vfdfnh534e.tryupkora.com/embed/AO4ns1CkR6Vvc

Мечот за пехарот е закажан за 22 мај од 21 часот.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here