Автономниот автобус на Mercedes положи на градска

Mercedes-Benz_Future_Bus_0003-1020x610-580x347[1]

Mercedes-Benz го претстави најновиот продукт од својата автономна програма за јавен превоз – Future Bus, а автобусот успешно извозе 20 километри низ градските улици на Амстердам и Харлем во Холандија. Семафори, тунели и пешаци – сé тоа поминало без проблеми.

За германската компанија ова е голем напредок, а воедно и за Highway Pilot програмата, која е интегрирана во транспортните камиони на Mercedes-Benz веќе 2 години. Оваа автономна програма сé уште се нема најдено во ситуација да се бори со градското возење, но за Mercedes-Benz Future Bus тоа е значително достигнување, зашто стремежот на германскиот гигант е токму да создаде превозно средство кое ќе се вклопи во градовите на иднината. 

Mercedes-Benz_Future_Bus_0007-1020x610-580x347[1]

Инаку, Future Bus  е поделен на три зони, во зависност од растојанието кое патникот го патува, а располага и со екрани за забава за патниците. Поврзан е и со градската патна мрежа и може да комуницира со семафорите на патот, а камерата за блиски кадри е способна да ги разликува деталите на асфалтот и да ги споредува во реално време со последното патување по истата таа рута, како и да прави отстапки. Улогата на возачот, кој сепак е присутен, е да интервенира во комплицирани ситуации.

Брзината на автобусот е до 70 км/ч, а како дополнување, автобусот може да ја прилагодува висината на суспензијата и да се приближува на само неколку сантиметри од тротоарот, максимално олеснувајќи им на патниците.

Успешните тестови во реални услови на Mercedes-Benz можат да се покажат како главна компонента во иднината на јавниот транспортен систем. 

- Реклама -