А ние се жалиме дека ни е топло.
Деновиве во Италија било толку многу жешко, што автомобилите се топеле по улиците.
Еден британски турист снимил неверојатна глетка додека бил на одмор во Италија. Имено, топлотниот бран во оваа земја бил толку многу силен што довел до топење на автомобилите. Џон Вестбрук останал шокиран додека гледал еден Ромео Меган како се топи на паркинг покрај плажа, во близина на местото Каоле на северниот дел од Италија. Температурите во овој дел од земјата достигнале 40 степени, а овој 48 годишен таксист тврди дека никогаш порано не видел нешто слично.
Високите температури во Италија беа клучни за смртта на 140 лица, воглавно пензионери. Надлежните ги предупредија туристите да не поминуваат премногу време надвор од хотелите.
„Автомобилот беше паркиран паралелно со плажата и таму стоеше неколку дена. Не можев да им поверувам на своите очи кога започна да се топи. Дури и деловите на браникот се стопија. Веројатно пораката на приказната е дека не треба да им се верува на француските автомобили, се пошегува Џон.