Aвтомобил што може да издржи 100 години без полнење?

Ако вашиот автомобил е управуван од ториум, никогаш не би се морале да го полните со енергенс. Ќе можете да го управувате цела вечност. Всушност тој ќе трае толку долго што би ве надживеал?!

Компанијата по име Laser Power Systems разви концепт за ториев автомобилски мотор, кој веќе почна да ја плете својата интересна приказна. Ториумот е радиоактивен, па екипата користи сосема мал дел од него, за да создаде ласерски зрак, кој загрева вода, која произведува пареа и ја напојува турбината која произведува енергија. Малкумина знаат дека ториумот е еден од најпознатите цврсти материјали на планетата. Сосема мал дел од него содржи 20 милиони пати повеќе енергија од истата големина примерок на јаглен. Тоа го претвора ториумот во идеален извор на енергија.

Но, по се изглде никогаш не би можеле да видиме ториумски мотори во автомобилите, вели д-р Чарлс Стивенс, извршен директор на Laser Power Systems. „Ваквиот вид на возила не се интересни, бидејќи  автомобилските производители воопшто не се заинтересирани за оваа идеја“, додава тој.

Според него премногу голем дел од автомобилската индустрија е фокусирана на тоа да заработува од бензински и дизел мотори и ќе бидат потребни барем неколку децении, за да започнат автомобилските гиганти да размислуваат за идејата за обнова на моторите и менување на концептот.

„За нас не се приоритет автомобилите, туку користење на енергијата на овој начин во многу сегменти“, вели Стивенс. Според него ториумските турбини можат да напојуваат со евтина енергија цели ресторани, хотели, згради и дури мали градови. Стивенс ја разбира загриженоста во однос радиокативноста на ториумот, но уверува дека човештвото нема причина да се вознемирува.

„Проблемот се елиминира многу лесно. Доволно е ториумот да се обвитка со алуминиумска фолија. Повеќе ќе бидете озрачени при правење слика од дентален скенер, отколку на овој начин со ториум“, смета Стивенс.

- Реклама -