Автомобил кој чита мисли

автомобилЕден од најголемите произведувачи на автомобили соработува со научници од Швајцарија за дизајнирање на автомобил кој ќе ги чита мислите на возачот и ќе го предвидува неговиот следен чекор. Колаборацијата, помеѓу Nissan и École Polytechnique Fédérale de Lausanne (EPFL), е наменета да ги балансира потребите на патната безбедност и побарувачктата за личен транспорт.

Научниците од EPFL веќе развиле систем за интерфејс помеѓу мозок и машина (brain-machine interface – BMI) кој им овозможува на корисницие на инвалидски колички да маневрираат со пренос на мисли. Нивниот следен чекор ќе биде наоѓањето начин за инкорпорирање на оваа технологија во начинот на кој возачите ги користат своите автомобили. Ако овој нивни напор е успешен, возилата во иднината би можеле самите да се подготват за вртење лево или десно – бирајќи ја соодветната брзина и положба – преку анализирање на мислите на возачите за тоа вртење.

Сепак, иако BMI технологијата е добро застапена, нивото на човечка концентрација потребна за истата да функционира е екстремно високо, па истражувачкиот тим работи на систем кој ќе користи статистичка анализа за да го предвидува следниот потег на возачот и да ја „процени когнитивната состојба на возачот во однос на средината“. Тимот мисли дека преку мерење на мозочната активност, набљудување на шаблоните на движењата на окото и скенирање на средината околу автомобилот, истиот ќе биде способен да предвиди што возачот планира да направи и да му помогне да го изведе тој маневар на безбеден начин.

Лусиан Георге, кој станал дел од центарот за истражување на подвижност на Нисан по добивање на диплома по компјутерски науки и вештачка интелегенција од Кобе Универзитетот од Јапонија вели дека овој заеднички проект би можел да донесе придобивки и за научниците и за возачите. „Анализите на мозочните бранови ми помогнаа да го разберам напорот на возачите за да го намалам нивниот стрес. За време на нашата соработка со EPFL, јас верувам дека ќе можеме да придонесеме не само кон научната заедница туку исто така ќе најдеме и инженерски решенија кои ќе нè донесат еден чекор поблизу до овозможување лесен пристап кон лична подвижност за сите.“

Професор Хозе дел Р. Милан, кој е предводник на проектот, вели дека идејата зад ова истражување е еднсотавна: „мешање на интелегенцијата на возачот и возилото на начин кој ќе ги елиминира конфликтите помеѓу нив, со што ќе добиеме побезбедна возачка средина“. [Mind-reading car could drive you round the bend]

- Реклама -