Автобусот кој ги транспортираше членовите на машката ракометна репрезентација на Кипар од Талин кон Пилва во Естонија, се превртел поради снегот. На среќа, повредите не се сериозни; само двајца членови на делегацијата биле пренесени во болница, информираше дописникот на МИА од Атина.
Кипарската ракометна федерација соопшти дека несреќата се случила во раните утрински часови и дека нема причина за загриженост, апелирајќи до јавноста да остане смирена.
„За среќа, нема сериозно повредени. Сепак, двајца многу важни членови на делегацијата мораа да бидат хоспитализирани, но сите останати се во добра здравствена состојба,“ рече федерацијата.
Паралелно, тие нагласија дека преземаат сите неопходни мерки за брзо и безбедно враќање на репрезентативците и остатокот од делегацијата во Кипар.
Од амбасадата на Кипар во Финска, која го покрива и регионот на Естонија, информираа дека се во постојан контакт со федерацијата и се подготвени да пружат помош.
Според видеата и фотографиите објавени во медиумите на Кипар, патот на местото на несреќата е покриен со снег.
„Луѓе, ова е нашиот автобус; видете што се случи. Но, сите сме добри,“ изјави мажот додека снимаше видеото од местото на несреќата со превртениот автобус, според порталот „24 спортс“.
Реванш натпреварот со Естонија во рамките на Promotion Round за ЕХФ ЕУРО 2028 е закажан за утре во 19 часот. Кипарските медиуми известуваат дека федерацијата разгледува опции за наставување на натпреварот.




