Јавниот транспорт е одличен начин за намалување на сообраќајните метежи на градските улици. Но прашањето е дали сè уште постојат овие придобивки кога автобусот е долг 30 метри?
Auto Tram Extra Grand на Fraunhofer Institute е токму тоа, автобус долг 30 метри. Заборавете на вртење на крстосница, овој автобус најверојатно ќе има потешкотии да помине додека да се смени светлото на семафорот.
AutoTram Extra Grand бил дизајниран да биде поевтина алтернатива на возови бидејќи користи веќе постоечки патишта и нема потреба од изградба на железнички линии. Но поради екстремната должина автобусот е наменет за употреба само надвор од градски центри носејќи до 256 патници.
Специјален алгоритам за управување бил создаден за задните делови да вртат совршено по предниот дел, со што управувањето со овој ѕвер е едноставно како и пилотирање со стандарден автобус.