Авион што ќе лета под вода

АвионКомпанијата Virgin го претстави својот најнов члне на флотата – авионот „Нимфа“ кој ќе лета под морската површина. Ова искуство ќе ве чини многу пари, а ќе можете да го почувствувате само околу приватниот остров на сопственикот на компанијата, Ричард Брансон.

Компанијата Virgin го претстави својот најнов члне на флотата – авионот „Нимфа“ кој ќе лета под морската површина. Ова искуство ќе ве чини многу пари, а ќе можете да го почувствувате само околу приватниот остров на сопственикот на компанијата, Ричард Брансон.

Авион„Нимфа“ е подводно возило што ќе „полетува“ како авион од површината на водата или од копно, а потоа ќе се спушти во длабочините каде ќе лебди како едрилица. Од компанијата Virgin која го промовираше, велат дека не е подморница затоа што се работи за возило што ќе се движи побрзо од подморниците, патниците ќе бидат во кабина што им дава поглед од 360 степени, а ударот врз животната средина ќе биде минимален затоа што моторите испуштаат многу малку штетни материи во деликатниот океански еко-систем.

Прочитајте и:  Фон дер Лајен спасила патник на лет за Брисел

За да имате шанса да „летате“ во ова возило, треба да си купите билет за приватниот карипски остров на Ричард Брансон, што ќе ве чини 300 илјади долари за една недела. Потоа, ќе треба да платите уште 25 илјади за изнајмување на „Нимфата“. Нормално, за да можете да влезете внатре ќе мора да имате завршено курс за нуркање, така што целото искуство ќе чини некаде околу 400 илјади долари. [Branson Goes 20,000 Leagues Under the Sea]

- Реклама -