Кој не би посакал Audi A7 што само се паркира. Програмерите на Audi постојано развиваат нови технологии, а последното видео покажува колку далеку се спремни да отидат.
Луксузниот автомобил пронаоѓа празно место на паркинг и се паркира додека вие сте отсутни. Секако, кога ќе ги завршите обврските, автомобилот повторно ќе дојде до вас ако го повикате со помош на апликацијата на вашиот мобилен телефон.
Оваа технологија на Audi сигурно ќе ја одбележи следната фаза од развојот на автомобилската индустрија во светот. Во блиска иднина ќе можеме да видиме системи кои во целост ќе го преземат возењето, ако посака возачот.