Audi развива нова технологија за амортизери

Audi патентира нов систем кој треба да биде уште еден чекор кон развојот на технологијата за добивање на енергија „од ништо“. Системот е наречен eROT и создава електрична енергија од интеракција на некои од елементите на суспензијата.

Инженерите од Инголштат планираат да имаат корист од работата на компонентите од суспензијата, која има постојано движење нагоре и надолу. Затоа тие предлагаат да се постават дополнителни компоненти, кои со помош на компактен генератор ќе го претвораат ова движење во електрична енергија. Во Audi ги нарекуваат овие компоненти „електромеханички ротор амортизери“.

 

– Секое потскокнување на нерамнина создава кинетичка енергија, а сегашните амортизери ја апсорбира и испуштаат топлина. Токму тоа сметаме да го искористиме, изјави шефот на истражувачкиот оддел на компанијата од Инголштат, Штефан Книрч. – Па, колку е нерамен еден пат, толку повеќе електрична енергија ќе се создава. Според нашите пресметки неговата моќ може да надмине 600 вати. Собраниот електрицитет ќе се чува во акумулаторите и може да се користи и за напојување на електромоторите кај хибридите, или за помагање на електричните системи кај обичните автомобили. Енергијата може да биде користена и за напојување на индивидуализирана суспензија, што се нуди кај некои модели.

Технологијата на Audi беше претставена лично од Улрих Хакенберг. Во моментов eROT сеуште се наоѓа во фаза на развој и од неа е подготвен само еден прототип. Затоа и во Audi не наведуваат кога таа ќе може да биде имплементирана во автомобилите.

Автоплус

- Реклама -