Audi претстави велосипед со цена на нов автомобил

Производителот на луксузни автомобили Audi AG го претстави својот најнов модел велосипед во Јапонија оваа недела.

Ултралесниот луксузен велосипед е со цена на возило од пониска класа.

Рамката на ограничената серија Audi Sport Racing Bike, кој беше прикажан за прв пат во Јапонија во рамки на настан на Audi во Токио, е направен од лесни јаглеродни влакна, а цената му е околу 19 650 долари.

Сумата е доволно голема за купување на нов автомобил во Јапонија, иако не и за купување на Audi.

kulilo

Според германскиот автопроизводител, рамката на спортскиот велосипед тежи 790 грама, или помалку од пет телефони iPhone 6 Plus. Дел од велосипедот е направен од специјален материјал наречен T1000, кој е создаден од јапонската Toray Industries Inc. Истиот материјал се користи и во тркачки автомобили на Audi.

Според портпаролот на Audi, целиот велосипед тежи 5,8 кг. Според него, материјалите употребени за изработка на велосипедот, кои се многу лесни, но исклучително здрави, се причината за неговата висока цена.

Првиот велосипед беше прикажан на автомобилскиот саем во Женева во март. Само 50 вакви велосипеди се произведени, со тоа што барем еден ќе биде пуштен за продажба во Јапонија наскоро.

audi-sport-bike-2-1200x600

- Реклама -