Германскиот производител Audi е подготвен со протип на Audi Q2 Deep Learning Concept, кој сам се учи да паркира користејки го методот „проба-грешка“.
За да се избегнат големи и скапи инвестиции, димензиите на машината се намалени осум пати. Автомобилот самостојно бара место за паркирање и се паркира со помош на две камери (една напред и една назад) и со 10 ултразвучни сензори. Патниот компјутер ги обработува влезните податоци и праќа команди на системот за управување на погонскиот агрегат. Цело време посебен алгоритам ги следи успешните активности и ја усовршува стратегијата при паркирање на возилото. На овој начин автомобилот започнува од најлесните задачи и постепено преминува кон покомплексни, зголемувајки ги своите способности за маневрирање.
Прототипот на роботизиранииот Audi Q2 во размер 1:8 беше прикажан за време на конференцијата Neural Information Processing Systems, во Барселона, посветена на развој во обаласта на вештачката интелигенција. Со создавање на моделот се ангажирала и сестринска фирма на Audi AG – Audi Electronics Ventures. Технологијата што се користи во Audi Q2 Deep Learning Concept, уште во 2017 ќе се појави кај првиот сериски модел на марката со системи за автономно управување – новата генерација на премиум-седанот Audi A8. Овој автомобил ќе може самостојно да паркира и да се движи дури и во голем сообраќај без учествуво на возачот.