Audi ги претстави новите A3 и S3, кои ќе бидат на пазарот веќе следниот месец. Станува збор за надградба на сегашната генерација на моделите, што сепак е прилично големата и вклучува интеграцијата на најнови технологии на производителот.
Обновените A3 и S3 се потпираат на познатиот дизајн, но се забележуваат нова маска на ладилникот и предни светла Xenon plus со нова форма. Со нов распоред се и стоп светлото, а позади е вметнат браник со интегриран дифузор. Меѓу опциите се матрични LED фарови. Внатрешноста исто така е подложена на лесна надградба, па нуди нов управувач со три краци и систем MMI со гласовна контрола. Како опција се нуди дигитална табла Audi virtual cockpit што ги заменува вообичаените аналогни апарати. Технологијата дебитира со новиот R8, а е достапна исто така и кај А4. Друга нова технологија во A3 и S3 е системот за движење во метеж. Тој може самостојно да го управува автомобилот при брзина до 65 km/h, а може да биде обезбеден и со модернизирана функција за одржување на лентата на движење.
Палетата од мотори на моделот A3 вклучува шест бензински и дизел предлози, еден plug-in хибрид и една верзија на метан. Бензинските се 1.0 TFSI со 115 КЅ, 1.4 TFSI со 150 КЅ и 2.0 TFSI со 190 КЅ. Дизел опции се 1.6 TDI со 110 КЅ и 2.0 TDI, кој е достапен со 150 и 184 КЅ. Верзијата на природен гас – A3 Sportback g-tron, користи мотор TFSI со зафатнина 1,4 литри, но развива 110 КЅ. Хибридниот модел носи ознаката A3 Sportback e-tron, а комбинира бензински и електричен мотор и може да се полни од електричната мрежа. Вкупната моќност на системот е 204 КЅ.
Спортскиот модел Audi S3 е управуван од модернизирана верзија на 2.0-литарски TFSI мотор кој е поставен да генерира 310 КЅ, или 10 КЅ повеќе од порано.Моделот е достапен во неколку верзии на каросерија – хечбек со три или пет врати, седан и кабриолет.