Audi e-tron quattro повторно победи на Ле Ман

Втор пат по ред, Audi победи на трката 24 часа Ле Ман со хибридниот тркачки автомобил со quattro погон, тоа е продолжување на успешната приказна на најважната светска трка во издржливост.

Победата ја остварија Дувал од Франција, Кристенсен од Данска и Мекниш од Велика Британија. Како и што се очекуваше, дванаесеттата победа на брендот со четири прстени на Ле Ман беше една од најтешко извојуваните досега. По промената на правилата кои беа направени кратко пред настанот, трите автомобили Audi R18 e-tron quattro со едно полнење на резервоарот сега можеа да завртат два круга помалку од нивните ривали.

Возачите на Audi мораа да ги компензираат дополнителните застанувања со најбрзи кругови на патеката, и тоа го направија дури и при неповолни временски услови кои повремено беа исклучително тешки. Врнежите од дожд ја прекинуваа трката во моментите кога таа беше најдинамична. Лошите временските услови резултираа со бројни инциденти, а безбедносното возило се појави вкупно единаесет пати. Повеќе од пет часа се возеше според правилата на „жолтото“ знаме додека патеката не беше расчистена и додека не беа направени потребните поправки.

Untitled-9

Трите Audi R18 e-tron quattro автомобили, беа најбрзите како и најефикасните автомобили во текот на целата трка.

“Дванаесеттата победа за нашиот бренд, ние им ја должиме на нашите инженери, на нивниот конзистентно иновативен дух, на безусловната заложба на целиот тим како и на вештината и челичните нерви на нашите возачи. Во име на Audi, искрено им ја честитам победата на сите”, изјави Руперт Штадлер, претседател на управниот одбор на AUDI AG.

“Ова претставува уште еден голем успех за хибридниот систем на Audi кој повторно доминираше со новите технологии, од кои во иднина нашите клиенти,ќе имаат корист. Тука се LED светлата со матричен сноп, кои ги осветлуваа свиоците во текот на ноќта – што е клучна предност за Audi на Ле Ман. ”

Дванаесеттата победа за Audi на Ле Ман ја однесе автомобилот со број 2 Audi R18 e-tron quattro управуван од Дувал, Кристенсен и Мекниш, кој ја започна трката од пол – позицијата. Победничкиот автомобил Audi R18 e-tron quattro возеше 24 часа, без и најмал технички проблем. Дувал, Кристенсен и Мекниш го превземаа водството во саботата навечер во 21:43 часот и го задржаа се додека триумфално не ја поминаа целната линија во неделата во 15 часот. Тројцата возачи на Audi ја постигнаа клучната предност пред второ пласираниот уште во раната фаза, а предноста ја одржаа до крај и покрај обилните дождови.

Деведесеттото издание на 24 часа Ле Ман беше засенето од фатална несреќа која се случи кратко откако започна трката кај GT класата. “Очигледно, овој инцидентот ја намали радоста на уште една голема победа на Ле Ман за која нашите тимови и возачи беа под екстремна тензија 24 часа и не направија ниту една грешка”, изјави директорот на Audi Motorsport д-р Волфганг Улрих.

- Реклама -