Поминаа десет дена од завршувањето на кинеското државно првенство во атлетика, а во Кина сѐ уште се дискутира за дел од атлетичарките. Или сепак се „атлетичарите“?
Меѓу освојувачките на медали се и атлетичарките Liao Mengxue и Tong Zenghuan, но голем дел од кинеската јавност е скептичен (благо речено) дека се работи за вистински жени. Фотографиите од Liao и Tong сосема го поматија нивниот успех – златен и сребрен медал во дисциплината на 400 метри.
Во „дебатата“ се вклучи и Кинеската атлетска федерација, која утврди, и тврди, дека сепак Liao и Tong се жени. Но и тоа не беше доволно да ги убеди Кинезите, особено откако на друштвените мрежи повторно беше популаризирано едно интервју од мај, во кое Liao зборува со апла машки глас. Дека не е претерување, ќе видите и сами (0:15 во видеото):
Дел од „теориите“ се дека се работи за злoyпотреба на xopмони, односно тестостерон. Други сметаат дека е жално да се постигне ваков успех, а истиот да биде засенет од, како што велат, бесмислени дебати.