Атлетичарка од Шпанија е една од жртвите во страшната железничка несреќа

Шпанија е завиена во црно, големата трагедија која се случи е главната тема во земјата деновиве, а информациите велат дека меѓу жртвите е и младата Гаљего која настапувала за мадридскиот атлетски клуб АД Спринт.

0
Атлетичарка од Шпанија е една од жртвите во страшната железничка несреќа
Фото: МКД.мк

Младата спортистка специјализирала скок во далечина и редовно учествувала на клупските натпреварувања во Шпанија. На 9 октомври го прославила својот 24. роденден, а нејзиниот личен рекорд во скок во далечина изнесувал 5,90 метри. Во текот на оваа година живеела во Германија.

Од неа се прости и претседателот на Кралската шпанска атлетска федерација, Раул Чападо, кој истакна дека нејзината смрт претставува огромна загуба за целото атлетско семејство.

Реклама

„Постојат удари што го погодуваат самото срце на атлетското семејство. Денес спортот тагува по загубата на Хулиета, живот исполнет со ветувања што неправедно згасна“, порача Чападо.

Тој изрази сочувство до семејството, пријателите и клупските колеги на младата атлетичарка, но и до семејствата на сите останати жртви во железничката несреќа.