Атанасоски: Наместо да се брише „бугарски“ од „фашистички окупатор“, да се користи „Фашистичка Бугарија“

Фото: Бугарски туристи и германски тур-оператори во Македонија во периодот на Втора светска војна (контекст ТУКА)

Бришењето на „бугарски“ од „бугарски фашистички окупатор“, кое го најави премиерот Зоран Заев, иако е гест на добра волја, од бугарската страна ќе биде протолкувано како „признавање на вистината“, смета историчарот и аналитичар Благојче Атанасоски.

Во изјава за „Слободен печат“, тој порачува дека вистината е една и дека денешните Бугари не треба да се срамат од своето минато, но дека треба да го прифатат и да се издигнат над него, како што направија Германците.

Според Атанасоски, единствено прифатливо решение во овој поглед е да се пишува Фашистичка Бугарија, што прецизно посочува на која Бугарија, односно на кој период од историјата на државата се мисли.

„Насекаде во светските историски учебници пишува кои земји се окупаторски, а кои се бореле против нив за да си ги ослободат своите земји и нонсенс е за тоа да се дебатира и ревидира. Единствено може да се направи прецизно утврдување и наместо бугарскиот фашистички окупатор да стои Фашистичка Бугарија, како што пишуваме Нацистичка Германија, за да дадеме појаснување дека станува збор за одреден временски историски период во кој тие држави т.е нивните државници донеле погрешни геостратешки одлуки со кои ја предизвикале најголемата катастрофа во историјата на човештвото дотогаш“, вели Атанасоски. Целата изјава ТУКА.

Прочитајте и:  Муртезани: Уставни измени ќе има кога ќе се знае крајот на процесот
- Реклама -