Aston Martin го претстави најбрзиот родстер

Компанијата Aston Martin го претстави својот најбрз родстер – V12 Vantage S, кој располага со 12-цилиндричен мотор, со моќ од 565 КС. Максималната брзина на возилото е 323 km/h, a забрзувањето од 0 до 100 km/h e за 4,0 секунди.

Кабриолетот излегува околу една година по купе верзијата, кој се потпира на истиот мотор со зафатнина 6,0 литри. Освен со 565 КЅ, агрегатот може да се пофали со импресивен вртежен момент од 620 Nm. Атмосферскиот мотор пренесува моќноста кон задната оска со помош на 7-брзински менувач Sportshift III. Тој го заменува досегашниот 6-брзински менувач, со која беше опремен претходниот Vantage Roadster. Според претставник на Aston Martin новата трансмисија е за 20 килограми полесна.

Освен моторот, родстер ја презема и суспензијата чии поставки можат да бидат променети во три режими – Normal, Sport и Track. Автомобилот исто така е опремен со карбон-керамички сопирачки дискови и засилувач на управувачот ZF Servotronic. Машината исто така доби маска на ладилникот од карбон со декоративни елементи од титаниум, отвори на хаубата и неколку карбонски елементи во внатрешноста.

 

- Реклама -