Aston Martin го лансира најмоќниот и најбрзиот Vintage во историјата

Британската марка за луксузни автомобили Aston Martin го лансираше најмоќниот модел Vantage во својата стогодишна историја.

Автомобилот кој го носи додатокорт S кон името забрзува до 100 km/h за 3.9 секунди и со ова достигнување Vantage S стана најбрзиот модел во палетата на компанијата, секако не сметајќи го хипермоделот One-77. Новината користи нов V12 мотор со работна зафатнина од шест литри и моќност од 573 КЅ, вртежниот момент е 620 Nm, а максималната брзина е 330 km/h.

popup_354_Aston-Martin-Vantage-S-V12-1000-2

 

Aston Martin Vantage S ja користи новата генерација менувачи, која ја менува брзината уште побрзо, а поради примена на лесни легури и елементи од карбон е полесен. Моделот е првиот во серијата на брендот со суспензија со променливи карактеристики во три режими – нормал, спорт и рејсинг. Серво управувачот, исто така е посебно развиен за оваа верзија и гарантира уште попрецизна работа.

popup_434_Aston-Martin-Vantage-S-V12-1000-4

Како опција автомобилот може да се нарача со карбонски пакет и за внатрешноста. Основната цена на Vantage S во Европа е 179.950 евра, без даноци и такси.

popup_708_Aston-Martin-Vantage-S-V12-1000-5

Текстот е објавен во соработка со АвтоПлус

- Реклама -