Асоцијации ала Србија: Жените го обожаваат и многу е тврд

v223256-1[1]

„Слагалица“ е еден од најпопуларните квизови во Србија, а особено забавна беше неодамнешната партија во играта „Корак по корак“, кога на таблата се појавија следните три описи:
• жените го обожаваат
• најчесто се обработува
• многу е тврд
Нормално, се мисли на дијамант.
За некои, ситуацијава е симпатична. За повеќето, не доликува на емисија со репутација долга повеќе од 20 години и со имиџ на фамилијарен квиз.
Во Слагалица не им е првпат. Лани, во истата игра, беа понудени описите:
• може да биде сува, макар што најчесто е влажна
и
• секогаш е топла, а понекогаш и жешка
Нормално, решението тогаш беше „муцка“.
- Реклама -