Артета шест недели во аут

Фудбалерот од средниот ред на Арсенал, Микел Артета поради повреда на бутниот мускул шест недели ќе биде надвор од терените.

Удар за Арсенал пред почетокот на сезоната, Арсен Венгер нема да може да смета на услугите на искусниот Микел Артета.

Деталните прегледи покажале дека Артета има исекотина за која е потребно повеќе од еден месец за да биде санирана.

Покрај стартот на Премиер лигата, Артета ќе ги пропушти и квалификациските натпревари од Лигата на Шампионите против Фенербахче.

Поради неактивноста на трансфер пазарот, составот на Арсенал и онака е мал, па повредата на Артета е дополнителна главоболка за фановите на Топџиите.

Текстот е објавен во соработка со 24Фудбал

- Реклама -