Арсенал има 87 отсто шанси за освојување на титулата

Арсенал е јасен фаворит за освојување на титулата во Премиер лигата, со впечатливи 87 проценти шанси да стане новиот англиски шампион, според најновата анализа на статистичката компанија Опта.

Во четвртокот вечер, Арсенал изигра нерешено 0-0 против Ливерпул во дербито, но и натаму останува лидер на табелата по 21 коло, со шест бодови предност пред второпласираниот Манчестер Сити.

Според податоците на Опта, Арсенал има 86,8 проценти шанси за освојување на титулата, додека Манчестер Сити е со 8,9%. Астон Вила е на третата позиција со 4,2%, а Ливерпул има само 0,1 проценто шанси да ја брани титулата. Ова се единствените четири екипи на кои статистичарите од Опта им предвидуваат шанса за освојување на титулата.

Дополнително, Опта предвидува дека Вест Хем, Барнли и Вулверхемптон со сигурност ќе испаднат од Премиер лигата оваа сезона.