Аргентинскиот претседател Милеи најави дека Хамас ќе биде прогласен за терористичка организација

Претседателот на Аргентина Хавиер Милеи на денешната средба со премиерот на Израел Бенјамин Нетанјаху во Ерусалим најави дека ќе го прогласи палестинскиот Хамас за терористичка организација.

Кабинетот на Нетанјаху објави дека израелскиот премиер го поздравил потегот и му се заблагодарил на аргентинскиот претседател за одлуката „да го признае Ерусалим како главен град на Израел и да ја пресели (аргентинската) дипломатска мисија таму“.

Израелскиот премиер го нарече аргентинскиот претседател „голем пријател на еврејската држава“.

Прочитајте и:  Турски извори демантираат дека канцеларијата на Хамас се префрлила во Турција
- Реклама -