Apple започна битка против компанија која го регистрирала името “iFone” во Мексико, четири години пред Apple, и загуби. Компанијата која ги поседува правата за брендот iFone се обидела да спречи продажба на производ со името “iPhone”, но засега, Apple сè уште ќе може да го користи.
Суд во Мексико Сити во четвртокот донесе одлука брз основа на фактот што iPhone на Apple е фонетски премногу сличен на iFone, бренд кој е во сопственост на мексиканска компанија и бил регистриран четири години пред iPhone на Apple. Одлуката потекнува од судски случај започнат од Apple во 2009 година во која било побарано од компанијата да престане да го користи iFone брендот за да спречи забуна кај потрошувачите.
El Universal известува дека iFone името било регистрирано во Мексико во 2003 година, околу четири години пред Apple. Сепак, Apple неуспешно се обиделе да преземат контрола над брендот во годината по лансирањето на првиот iPhone во Мексико.
Мексиканскиот суд го навел датумот на регистрација во одлуката да го одбие барањето на Apple. По одлуката мексиканската фирма започнала контра-тужба за претрпени штети, што би можело да значи и до 40 проценти од приходот од продажбата на iPhone во Мексико. Во контра-тужбата се бара од Apple да престане да го продава iPhone под тоа име во Мексико.
iFone е телекомуникациска компанија која продава системи и сервиси за комуникација, вклучувајќи и интерфејси за телефонски повици преку интернет, виртуелни канцелариски служби, и софтвер за заемнување системи. Меѓу нивните клиенти се вбројуваат Microsoft Maxcom, Axtel, и Avay. [Apple loses right to iPhone brand name in Mexico]