Apple претстави водич со совети и трикови за iPhone

Со сите нови карактеристики спакувани во iOS 7 и iPhone 5S и 5C може да биде тешко да следите се што уредот може да направи. За да се поправи ова Apple претстави сет на нови страници наречени Совети и Трикови, дизајнирани да им помогнат на корисниците да научат да ги користат сите нови функции. Страниците се посветени на оние модели на iPhone што во моментот се на располагање: iPhone 4S, 5S и 5C.

Некои од советите се очигледни функции кои се широко опфатени во медиумите и се демонстриарни во промотивните видеа на Apple. За оние кои се уште се мачат околу Siri, водичот објаснува како да го научите Siri правилно да го изговара вашето име како и да идентификува луѓе во вашата листа на контакти. Вистинската вредност на Совети и Трикови доаѓа во форма на мали нешта на кои сеуште учиме за iOS 7. Ова се функции кои корисниците не ги погледнале или едноставно не се задлабочиле во оперативниот систем доволно за да ги откријат.

tpsandtrck

На пример водичот може да им покаже на корисниците како уредот може да направи аудио FaceTime повици, за потенцијалната under-hyped функција на iOS 7, со чија помош корисниците би заштедиле пари во зависност од нивниот мобилен план. Дури и ако некои корисници сметаат дека iOS 7 интерфејсот е доволно интуитивен советите се особено корисни за новите функции како iTunes Radio. Исто така водичот нуди детални инструкции за тоа како да се движите до новите мениа.

Текстот е објавен во соработка со SocialNet.Mk

- Реклама -