Apple ја потврди следната верзија iOS 7

По многуте гласини за различните концепти на iOS во последните неколку месеци, се очекува Apple конечно да ја претстави следната верзија на iOS 7 на 10 јуни кога ќе започне големата конференција WWDC.

Apple започна со декорации на центарот во Сан Франциско, каде ќе се оддржи оваа конференција и како што може да се види од сликите поставен е банер со бројот 7. Ова е доволна потврда за една од работите што може да очекуваме дека ќе биде претставена денес.

41

Исто така, оваа долгоочекувана верзија неодамна се појави во датабазата на GFXBench и го потврди своето постоење. Новата верзија се очекува да има големи промени во редизајнот на интерфејсот со нов изглед креиран од страна на заменик претстедателот за индустриски дизајн на Apple – Jony Ive.

Официјалната апликација за World Wide Developer Conference за iOS веќе е достапна за симнување, а очекуваме многу новитети од компанијата од Cupertino на овој голем настан.

Текстот е објавен во соработка со SocialNet.Mk

- Реклама -