Apple и Google ги блокираат сите игри кои започнуваат со зборот „Flappy“

Ако сте љубител на играта Flappy и сакате да ги следите сите вести сврзани со неа, еве уште неколку интересни информации.

Google и Apple веќе официјално ќе ги блокираат сите игри кои го создржат зборот „Flappy“ во својот наслов.

Овој потег има за цел да го намали бројот на клонирани „Flappy“ игри, бидејќи во последните неколку дена нивниот број значително се зголеми.

Па ако планирате да создадете уште една игра наречена Flappy Bird подобро не го ставајте зборот Flappy во името на играта.

Teкстот е објавен во соработка со Socialnet.mk

- Реклама -