Едвај се решаваш за тетоважа, па после уште толку се мислиш каде да ја ставиш. Затоа постои апликацијата InkHunter. Потребно е само со пенкало да го означите местото на кожата каде што сакате да ставите тетоважа, а потоа ја уклучувате апликацијата на смартфонот и ја насочувате камерата кон означеното место. Програмата дизајнира виртуелна тетоважа на кожата, па на вас останува да одлучите дали е тоа правиот избор.