Апелацискиот суд во САД привремено ја поништува пресудата за увозните давачки наметнати од Трамп.

Американскиот претседател Доналд Трамп постигна привремена правна победа во судскиот случај поврзан со неговата царинска политика. Федералниот апелациски суд привремено ја суспендира пресудата која со одлука од минатата недела прогласи дека неговите увозни царини се незаконски. Според новата одлука на судот, увозниците ќе продолжат да плаќаат царина од десет проценти и засега нема промени во оваа ситуација. Станува збор за привремена мерка што ќе биде предмет на понатамошно разгледување.

Прочитајте и:  Агаси по шокантниот пораз на Синер: Не постои оправдување за ваков колапс.