Апасиев од Битола: Меѓу Тиранската платформа на албанските партии и Софиската на СДСМ и ДПМНЕ, ќе победи нашата Македонска платформа 

Пред граѓаните стојат три платформи во изборот за претстојните Парламентарни избори, а ќе победи Македонската, порача претседателот на Левица, Димитар Апасиев, денеска од Битола.
 
„Имате три платформи. Првата платформа е Тиранска платформа зад која стојат необалистички партии на албанското малцинство, без оглед дали е ДУИ, дали е коалиција ВРЕДИ – тоа е еден ист концепт кој води кон разградување на државата. Втората платформа е Софиска платформа зад која што стојат македонските буржујски партии: СДС и ДПМНЕ. И третата платформа, која ние денес јавно ја обзнанивме – тоа е Македонска платформа во 5 точки за зачувување на територијалниот интегритет, суверенитет, унитарноста и државните инсигнии”, истакна Апасиев.

Прочитајте и:  Левица поднесе интерпелација против Илире Даути за блокадата на законот за бранители

Како што рече, Левица ќе коалицира со влада која ќе ги прифати црвените линии во одбрана на македонската држава.
 
„На овие избори, македонскиот народ ќе стави крај на диктатите и поразите од режимот на СДС и ДУИ и повторно ќе ја возобнови Републиката!“, порачуваат од партијата.

- Реклама -