Апасиев: Левица ќе биде деконструктивна опозиција

​​​​​

За пасокизацијата на СДС и за тоа каква опозиција ќе биде Левица, зборуваше претседателот Димитар Апасиев при гостувањето во ,,Слободен печат”.

– Ние ќе бидеме на магарешка клупа како што бевме и досега со Борис. Таман – шест души собира на последната клупа во Собранието. Сега ќе бидеме посериозни, но ние, за разлика од СДС, нема да бидеме конструктивна, туку деконструктивна опозиција, бидејќи планираме да го вратиме историскиот судир на левицата и десницата – истакна Апасиев.

Левица како политичка партија прва ја најави пасокизацијата на СДС што денес е веќе реалност.

– Првото полувреме заврши успешно, а тоа е пасокизацијата на сдс. Ова ни на сон не ни доаѓаше, дека ќе паднат под 20 пратеника, меѓутоа индициите покажуваа. Ние се надевавме и ќе бевме среќни и под 30 да паднеа, но ова е класичен дебакл. Ако ги одземете тројцата – 2 од НСДП, 1 од ЛДП – тие се практично 15. Во меѓувреме, таму може и да фрчат некои оставки од пратеници и да дојде некоја втора постава – потенцираше Апасиев.

Прочитајте и:  Реакција на ЗНАМ на соопштението на Левица за назначувањето на Јанески за директор на КПД Прилеп
- Реклама -