Апасиев ќе се кандидира во првата изборна единица, како директен противник на Ковачевски и Мицкоски

Претседателот на политичката партија Левица, Димитар Апасиев, на следните парламентарни избори ќе се кандидира во првата изборна единица, соопштија денеска од Левица.

„Таче и Мицко ќе се кандидирале у кецот. Еве, да ги усреќам. И ја ќе се кандидирам у кецот“, се вели во изјавата на Апасиев, пренесена во соопштението на Левица.

Претходно, претседателот на СДСМ и премиер Димитар Ковачевски, и претседателот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ – Христијан Мицкоски, објавија дека на следните избори ќе се кандидираат во првата изборна единица.

Прочитајте и:  Мециновиќ: Со малограѓански сценарија пратениците од ВМРО-ДПМНЕ сакаа да избегнат одговори на прашањата поставени од Левица
- Реклама -