„ANSA“: Премиерот Заев си дал оставка, откриваат европски дипломати

Премиерот на Северна Македонија – Зоран Заев, дал оставка од позицијата премиер, објави денеска италијанската новинска агенција „ANSA“, повикувајќи се на информација добиена од европски дипломатски извори на маргините на ЕУ самитот на кој не беше постигнат договор за почеток на преговорите за членство на Македонија и Албанија во Европската унија.

Портпаролот на Владата – Мyxaмед Хоџа, потврдил дека од Владата се запознаени со веста на италијанската агенција, но додава дека премиерот Заев во моментов има консултации на различни нивоа и за секакви новости јавноста ќе биде известена, пренесува „Нетпрес“.

Претходно и „Фокус“ објави дека премиерот Заев е многу разочаран и сериозно размислува за оставка, а и бугарскиот премиер Бојко Борисов откри дека зборувале на темата. Во меѓувреме висок владин функционер за „Стандард“ неофицијално брифирал дека Заев сепак нема да се повлече од функцијата.

Сепак, последниве денови во неколку прилики Заев навести дека ќе преземе одговорност, но и отворено рече дека во случај на недобивање на датум за преговори, тоа ќе значи крај за владата.

- Реклама -