Анкета: Речиси половина од Американците сметаат дека САД трошат премногу за Украина

Речиси половина од населението на САД смета дека земјата троши премногу за Украина, покажуваат резултатите од анкета спроведена од Центарот за истражувања на јавна политика на Асошиејтед прес-NORC.

Ова расположение има најголема поддршка меѓу републиканците и ја објаснува сѐ посилната опозиција меѓу конзервативците во законодавниот дом на САД, кои ставаат пречки на обидите на претседателот Џо Бајден да се усвои нова транша помош за Украина.

Од анкетата се дознава дека противењето за усвојување на помошта донекаде се намалило во споредба со она што го покажаа резултатите од истата анкета на АП-NORC пред еден месец.

Така, 54 отсто од испитаниците кажале дека владата на САД троши премноу за помош на Украина, додека сега тоа го сметаат 45 отсто.

Ова поместување најверојатно се случило само меѓу републиканците – од кои 59 отсто рекле дека на Украина се трошат премногу пари, додека во октомври тоа го сметале 69 отсто. Противењето на републиканците да се продолжи со помошта за Украина сепак останува силно. Расположението кај многумина во САД е дека земјата има премногу проблеми дома за  да може да ги решава туѓите.

Прочитајте и:  Зеленски: Путин сака да ја ескалира војната за Трамп да не може да ја прекине

Повеќе од третина, или 38 отсто од возрасното население на САД, смета дека сегашното ниво на трошоци за Украина е „отприлика правилно“. Овој резултат е повисок споредбено со октомври (31 отсто). Но ако се види кај републиканскоит табор, такво мислење има само кај 29 отсто од нив, што е сепак подобрување бидејќи во октомври за тоа сметале само 20 отсто.

Во споредба со септемвриската анкета на АП-NORC и Pearson, Американците сѐ почесто зборуваат дека САД треба да играат „помалку активна улога“ во решавањето на светските проблеми. Такво мнение сега имаат помалку од половина, или 45 отсто, додека во септември оваа бројка била пониска –  32 отсто.

Извор: МИА

- Реклама -