АНКЕТА Oсум одлични приказни, а една награда: Кој филм заслужува Оскар?

Ја дочекавме и последната анкета за Оскар- кој ви е омилен филм и дали мислите дека истиот ќе биде најдобар за Оскар?

Во минатите шест недели активно се запознававме со филмовите, како и номинираните актери и актерки, а сега дојде ред и за најважната категорија- филм на годината.

Конкуренцијата оваа година е навистина „разнолика“ и тешко е да се одбере само еден филм од сите прекрасни приказни, но сепак на вас ви го поставуваме прашањето- кој филм заслужува Оскар? Дајте го својот глас во нашата анкета!

1. American Sniper

Овој филм привлече големо внимание кога излезе во јавноста. Направен е според биографската книга на војникот крис Кајл. Автобиографијата веднаш стана хит, па дури 30 недели помина на првото место во листата на најдобро пордавани изданија на Њујорк Тајмс. Со дличната изведба на актерот Бредли Купер ја заслужи номинацијата за Оскар за најдобар актер.

2. Birdman

Филмот „Birdman“ веќе доби неколку награди, вклучувајќи го Златниот глобус, па не е ни чудно што е најголем фаворит за златната статуетка. Доби дури 9 номинации за Оскар меѓу кои и за најдобар филм, најдобар режисер, оригинално сценарио, главна машка улога, споредна женска улога, камера, монтажа на звук и микс на звук.

3. Boyhood

Филмот е снимен во кратки интервали од 2002 до 2013 година. Тоа е револуционерно филмско искуство кое го следи животот на едно семејство цели 12 години, поточно детството и растењето на детето Мејсон. Филмот има добиено шест номинации за Оскар, меѓу кои и престижната категорија за најдобар филм.

4. Grand Budapest Hotel

Oвој филм на Вест Андерсон, беше вистинско освежување годинава. Со фантастичната реализација тој заслужено се најде меѓу најдобрите.

5. Imitation Game

Овој филм доби дури осум номинации за овогодишниот Оскар: најдобар филм, најдобар режисер, главна машка улога, најдобро адаптирано сценарио, најдобра споредна женска улога, монтажа, оригинална музика и сценографија.

6. Selma

Станува збор за познатата кампања на Мартин Лутер Кинг и неговите приврзаници за еднаквите права на гласачите во градот Селма во 1964 година, која била една од најважните битки за Афроамериканците во САД.

7. Theory Of Everything

Тоа е приказна за животниот пат на Стивен Хокинг кој во филмот го играше британскиот актер Еди Редмајн, кој е исто така номиниран за најдобра главна машка улога. Иако филмот е наречен според една од најпопуларните книги на Хокинг, оваа приказна е снимена според биографијата на сопругата на Стивен, Џејн, со која поминал 30 години во брак.

8. Whiplash

Филмот освои пет номинации, и тоа во категоријата најдобар филм, најдобра споредна машка улога, најдобро адаптирано сценарио, најдобра монтажа и најдобра монтажа на звук.


[polldaddy poll=”8670314″]

- Реклама -